Успех на првата арапска вселенска мисија: Испрати сигнал од Марс

Сондата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вчера успешно влезе во орбитата на Марс, како важен дел од првата арапска вселенска мисија.

Сондата на ОАЕ наречена Hope (Надеж) испрати сигнал откако влезе во орбитата на Марс, се наведува на официјалниот профил на вселенската агенција на ОАЕ на Twitter.

„Успех! Контактот е повторно воспоставен со леталото Hope. Неговото лансирање во орбитата сега е завршено“, напишаа тие на Twitter.

URL
URL

Успешното лансирање на вселенското летало Hope во орбитата на Марс е големо достигнување со оглед на тоа што многу вакви претходни мисии беа откажани поради лошите временски услови.

Така, ОАЕ станаа петтата земја во историјата што стигнала до Црвената планета, и прва меѓу арапските држави. Сепак, како што изјавија, нивните амбиции не застануваат тука.

URL

Се очекува Hope да ја мапира атмосферата на Марс во текот на секое годишно време. Неговите три инструменти ќе соберат различни податоци за атмосферата со цел да се измерат сезонските и дневните промени, давајќи нови сознанија за тоа како функционира атмосферата на оваа планета.

Remote video URL

Научниците сметаат дека ова може да придонесе за нашето разбирање за тоа како Марс изгубил голем дел од својот воздух, а со тоа и многу вода.

Вселенското летало Hope го започна своето патување до Марс минатата година, кога беше лансирано во јули заедно со американскиот ровер Perseverance кој треба да пристигне следната недела, и кинеското вселенско летало Tianwen-1 кое исто така вчера влезе во орбитата на Марс.

Сондата е тешка 1,3 тони и е лансирана со ракета Х-2А од јапонскиот космодром Танегашима. Тоа патување беше долго 500 милиони километри и роботското возило пристигна на целта во февруари годинава, како што се очекуваше.

URL

Кинеската и арапската сонда ќе кружат околу Марс, додека американска ќе слета на Марс. Ова ќе биде прва фаза во деценискиот американско-европски проект за земање примероци од карпи за да се испита дали има докази за живот на микробите.

Сцените од патувањето на сондата Hope до Марс беа прикажани на Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда во светот, а другите култни згради низ ОАЕ светнаа црвено во чест на мисијата на Марс.

URL

Сондата Hope во голема мера се смета за вселенско летало за инспирација - нешто што ќе ги привлече младите во ОАЕ и целиот арапски свет да започнат да се занимаваат со наука на училиште и за време на високото образование.

Сателитот е еден од многуте проекти за кои владата на ОАЕ вели дека ја означува нивната намера да ја оддалечат земјата од зависноста од нафта и гас кон иднина базирана на знаење, пишува CNN.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе