Кинеско летало првпат влезе во орбитата на Марс

Кинеско летало без екипаж вчера успешно влезе во орбитата на Марс, шест и пол месеци откако беше лансирано од Земјата, извести Кинеската вселенска агенција (CNSA) за својата прва независна мисија на Црвената планета.

Агенцијата објави дека леталото успешно забави до брзина при која беше привлечена од гравитацијата на Марс.

Лансирано во јули минатата година од Кина, вселенското летало Tianwen-1 ги испрати првите фотографии направени 2,2 милиони километри од Марс на Земјата минатата недела.

Во мај или јуни, вселенското летало Tianwen-1 ќе се обиде да испрати лендер со ровер тежок 240 килограми во седумминутно слетување во областа наречена Utopia Planitia на северната хемисфера на Марс.

URL

Доколку ова слетување биде успешно, роверот со соларен погон ќе ја истражува површината на Марс 90 дена, проучувајќи ја неговата почва во потрага по знаци на древен живот. Исто така, со користење на специјален радар што продира под површината на тлото, ќе се испита дали има вода и мраз под него.

Tianwen-1, или „Прашања упатени до небото“, според името на кинеска песна напишана пред 2.000 години, е прва независна мисија на Кина на Марс по заедничкиот, но неуспешен обид со Русија во 2011 година да го спушти леталото во орбитата на Земјата.

Кинеската сонда е една од трите што месецов целт на Марс. Вчера, арапската сонда Hope испрати сигнал од орбитата на Марс, вчера тоа го направи кинеската, а на 18 февруари треба да пристигне американскиот ровер Perseverance.

Кинеската и арапската сонда ќе кружат околу Марс додека американскиот ровер ќе слета на Црвената планета.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе