Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 28.04.2024 / 14:08

Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2024 година.

Пропозициите наведени во конкурсот се:

1. Наградата „Антево перо“ за 2024 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

2. Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го   задржува правото да не ги додели придружните награди.

3. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат. Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево   перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево  перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов.

4. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

5. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со   посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките   на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

6. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: проф.  д-р Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетски професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач, книжевен критичар и херменевтичар) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

7. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: antevopero@gmail.com заклучно со 05 август 2024 година.

8. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра. Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.

9. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

10. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година.

Наградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) и на конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Досегашни добитници се: Славе Ѓорѓо Димоски за „Кумова слама“ (2018), Александра Димитрова за „Дупка“ (2019), Ана Стојаноска за „Потпис: Трепетлика“, Братислав Ташковски за „Небесни разговори“ (2021), Јулијана Младеновска Тешија за „Куќа“ (2022) и Александар Русјаков за „50 испеани приказни“ (2023).

Тагови
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Култура

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе