Вака изгледа револуцијата: Boeing го тестираше своето прво летечко возило

Компанијата Boeing, чија примарна дејност е производството на авиони, објави дека нивниот прототип за летечки автомобил е во фаза каде може самостојно да лебди во воздухот. Ова возило/летало е всушност комбинација од хеликоптер, дрон и авион, а Boeing со него планира да го револуционеризира патувањето.

Boeing се натпреварува со најголемиот ривал Airbus, како и со уште неколку помали компании, во обидот да претстави функционални, автономни летачки возила кои ќе пренесуваат патници на кратки и подолги релации.

Инвестирањето на Boeing во автономни летала во иднина ќе придонесе кон решавање на проблемот со сообраќајниот метеж на улиците, како и на модернизирање на начинот на кој луѓето ќе се движат низ градовите. Леталото на Boeing е долго 9 метри и е направено како дел хеликоптер, дел дрон и дел фиксирано авионско крило.

За време на тестирањето, „летечкиот автомобил“ на Boeing полета во воздух, левитираше неколку минути и потоа успеа самостојно да се приземји. Во воздухот беше само краток период од 2-3 минути, но луѓето од Boeing го прогласија тестот за успешен.

„Вака изгледа револуцијата, и ова е овозможено од напредокот на автономијата“, изјави Џон Ленгфорд, претседател на Aurora Flight Sciences, фирма-ќерка на Boeing.

Од Boeing работат на две посебни летечки возила со домет од 80 километри автономија, кои ќе бидат во можност да пренесат два или четири патници одеднаш. Тестовите се закажани за крајот на оваа година, а ќе бидат тестирани и дали можат да издржат 226 килограми, поради потребите за транспорт на две возрасни лица плус багаж.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе