Џејми Варди, стрелецот на 24 гола во Премиер лигата минатата сезона, со кои му помогна на Лестер да ја освои шампионската титула, реши да ја одбие понудата на Арсенал и да остане до крајот на кариерата во Лестер.
„Лестер и Џејми Варди се договорија и денеска потпишаа нов договор. Џејми нема да замине, својата кариера ќе ја заврши во Лестер“, објави клубот на својата страница.
Арсенал се обиде да ја активира откупната клаузула од 20 милиони фунти, но напаѓачот му се заблагодари на Арсен Венгер и го продолжи договорот со „лисиците“ на нови четири години. Според новиот договор, англискиот репрезентативец ќе заработува 100.000 фунти неделно.