Стен Вавринка ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во финалето на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Швајцарецот во полуфиналето го победи Кеи Нишикори со 3-1.
Вавринка, кој се мачеше да ја пронајде вистинската игра сè до финишот на вториот сет, успеа да слави над уморниот Нишикори со 4-6, 7-5, 6-4, 6-2.
Швајцарскиот тенисер во Њујорк ќе се бори за својата трета Грен слем титула во кариерата, по Мелбурн и Париз, а против Ѓоковиќ има забележано само четири победи во 23-те меѓусебни дуели.
Финалето во машка конкуренција ќе се одигра вo недела од 22 часот по средноевропско време.