Венецуела: Војската лојална на Мадуро, не го признава Гуаидо

Во најбогатата земја со нафта во светот ситуацијата е многу напната. Војската на Венецуела одби да го признае претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на државата иако на чело се наоѓа Николас Мадуро.

„Војниците не го признаваат претседателот кој ни е наметнат под влијание на странските интереси, незаконито и самопрогласено. Вооружените сили го бранат Уставот и гарантираат национален суверенитет“, напиша на Twitter Падрино Лопез, министер за одбрана.

Николас Мадуро ги прекина односите со САД и на американските дипломати им даде рок од 72 часа да ја напуштат земјата, откако Вашингтон го призна Гуаидо за претседател на Венецуела. Демонстрантите се против него, бараат негова смена и велат дека им е доста од хиперинфлација, недостиг на лекови и храна, мигрантска криза поради која милиони семејства се разделени.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за привремен претседател и досега е признаен од САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Перу, Гватемала, Костарика, Албанија.

Во протестите против Мадуро во Сан Кристобал вчера загинаа двајца, а повредени се уште петмина, соопштија властите во Венецуела. Двајцата демонстранти се убиени од огнено оружје.

Мадуро доби поддршка од турскиот претседател Реџеп Таип Редоган.

„Брате Мадуро, главата горе, Турција е со тебе“, му рекол Ердоган на својот колега во телефонски разговор. Тоа на Twitter го наведе неговиот портпарол, Ибрахим Калин.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе