Венгер: Требаше да си заминам од Арсенал декада порано

Дојде во август 1996, а си замина во мај 2018. Цели 22 години Арсен Венгер седеше на клупата на лондонски Арсенал. Стана симбол на клубот, по како што минуваа сезоните и трн во око на навивачите.

Денес тој признава дека требал да си замине многу порано, 10 години пред моментот кога навистина си замина, односно во времето кога и почна падот на неговиот тим.

„Почнав целосно да се идентификувам со клубот - тоа беше грешката која ја направив. Мојата фатална маана е што премногу се заљубувам во местото каде што сум - каде што бев. Жалам поради тоа. Требаше да си заминам некаде“, објаснува тој во новиот документарец „Arsene Wenger: Invincible“.

„Понекогаш се прашувам - каде погрешивме после таа непобедлива сезона? 2007 беше пресвртна точка. Тогаш прв пат почувствував дека има тензија кај управата“.

„Бев растргнат помеѓу тоа да му бидам лојален на клубот и да му бидам лојален на Дејвид (Дејн, заб. на прев.) Ден денес сѐ уште се прашувам дали ја донесов вистинската одлука бидејќи животот потоа повеќе не беше ист“.

Венгер имал многу опции каде да замине, но никогаш не се одлучи за тој потег иако навивачите едвај чекаа да си замине.

„Можев да ја земам репрезентацијата на Франција. Два-три пати ме бараа за селектор на Англија. Двапати имав прилика да заминам во Реал Мадрид. Можев и во Јувентус, ПСЖ, дури и во Манчестер Јунајтед“, откри тој.

Венгер со Арсенал освои 17 трофеи во Англија (3 во Премиер лигата, 7 ФА купа и 7 Суперкупа), а го однесе тимот и до неговото прво финале во Лигата на шампионите кое во 2006 го загуби од Барселона со 2:1.

Францускиот стратег денес работи во ФИФА и е еден од поборниците за радикални промени, со најновата „брилијантна“ идеја да има Мундијал на секои две години.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе