Мобилни

Ви здосадија смартфоните? Купете си сателитски телефон

26. август 2019 - 13:10 | М.С.

Овој телефон работи каде било во светот, нема роаминг и комуникацијата се одвива преку сателитски пат.

BlueCosmo Inmarsat IsatPhone 2.1 Satellite Phone Kit  моментално е еден од најпопуларните сателитски телефони, со цена од 1.020 долари за пакет со СИМ картичка во рок од година дена. Во понудата е вклучен модел само со СИМ картичка без кредит, по цена од 569 долари.

Најмодерниот сателитски телефон овозможува разговори каде било во светот без роаминг трошоци, пораки, GPS навигација, а новата батерија може да издржи до 8 часа непрекинат разговор и до 160 часа во режимот на чекање.

Овој модел е сертифициран со IP65 и е отпорен нa вода и прашина, а антената не мора да се извлекува освен за СМС, GPS и други фунцкии.

Да, телефонот е огромен во споредба со другите модели, но затоа имате мрежна покриеност и немате роаминг каде и да одите. Со BlueCosmo Inmarsat IsatPhone 2.1 Satellite Phone Kit добивате:

- телефон, литиум-јонска батерија, интернационален брз полнач, автомобилски полнач, држач за рака и држач за каиш, Bluethooth слушалка, data кабел, USB меморија со подесувања и автомобилски софтвер.

Овој модел е оценет како препорака на Amazon, каде и се продава. Има гаранција од 18 месеци.

Коментирај