Viber доби нова функција: Бесплатно повикување фирми низ целиот свет

Заборавете на барањето контакти од фирми на интернет, Viber лансираше опција Business Calls.

Viber, најпопуларната апликација за размена на пораки во Македонија, продолжува со имплементација на нови функции, а прва за 2024 година е функцијата која сите долго ја поскаувавме - Business Calls

Можеби сме старомодни, но иако живееме во ера на пораки, има ситуации кога немаме трпение за да се распишуваме, што е особено точно кога комуницираме со компании. Ако сте како нас, Business Calls ќе ви бидат од голема корист.

За што се работи?

Брендовите кои имаат деловни сметки во рамките на апликацијата Viber, покрај испраќањето пораки, сега можат да воспостават нов канал за комуникација и да им овозможат на корисниците бесплатни меѓународни разговори на фиксни телефони - директно преку Rakuten Viber.

Така, Viber им дава на корисниците слобода да го изберат својот претпочитан начин на комуникација со брендовите.

Како функционираат деловните повици?

Функционалноста на Business Calls, освен што е многу корисна, е и лесно достапна. Корисниците сега во разговорот со брендовите ќе можат да видат икона за слушалка, со која ќе можат да упатуваат повик до однапред одреден телефонски број.

Овие повици може да имаат различни цели - да му помогнат на купувачот со прашања за производите, следење на нарачките, како и поддршка за корисници по купувањето во секторите за малопродажба и испорака.

На пример, преку овој нов канал, банките можат да одговараат на прашања за сметки, да закажуваат состаноци, да управуваат со трансакциите и да нудат финансиски совети и поддршка. Ако зборуваме за аптеки, тие на тој начин можат да се погрижат корисникот да добие ново количество од неговите препишани лекови, да го дели работното време на различни филијали на нивната аптека, но и да дејствуваат како консултанти кога станува збор за алергиски реакции и несакани ефекти од одредени лекови.

Сите деловни повици ќе бидат бесплатни за клиентите, без оглед на нивната локација. Ова е особено важно за корисниците кои се јавуваат од странство - на пример, странски патник кој бара информации за неговата резервација или клиент од банка кој има проблеми со својата картичка во странство. Деловните повици го прават брендот глобално достапен, управувањето со кризи се издига на повисоко ниво, а конкурентна предност во однос на конкуренцијата се стекнува со овозможување бесплатни повици од која било точка на планетата.

Најдобро од сè - нема потреба на интернет да барате контакт од компанија, бидејќи сè се одвива во една апликација, а корисниците се сигурни дека го повикуваат вистинскиот број.

„Rakuten Viber беше првата апликација за пораки која нудеше деловни пораки пред девет години и на тој начин создаде револуција во деловната комуникација со корисниците. Оттогаш, развивме силен и обемен екосистем за деловни пораки, а сега правиме значаен чекор напред со воведување Business Call во рамките на апликацијата, што е единствена понуда на пазарот“, вели Кристина Констандаче, директорка на одделот за приходи на Rakuten Viber.

„Да се ​​биде супер апликација значи да им се понуди на корисниците бројни дополнителни услуги и придобивки во текот на денот и да им се овозможи на брендовите да постигнат автентична комуникација со клиентите. Овој потег го претставува следниот чекор во постигнувањето на нашата стратегија да станеме глобална супер апликација“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе