Владата и ДИК усвоија заклучоци за фер и демократски избори

Владата усвои повеќе оперативни заклучоци кои произлегле од првата работна координативна средба на владиниот кабинет и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори.

Владата се обврзала на секоја седница на Владата, како прва точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на Државната изборна комисија во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како и разгледување на конкретни активности што Владата и другите државни органи треба да ги реализираат во функција на непречено одвивање на претстојните избори на пратеници во Собранието, со оперативни предлог–заклучоци.

Со цел да се обезбедат соодветни просторни услови на ДИК, Владата го задолжила Генералниот секретаријат, да обезбеди три простории за потребите на Државната изборна комисија, на првиот кат во административната зграда (објект на поранешното НИП Нова Македонија), а истовремено е задолжена и Службата за општи и заеднички работи, да изврши целосно техничко и безбедносно опремување на просториите на Државната изборна комисија со цел обезбедување на висок степен на безбедносна заштита во овие простории во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори на пратеници во Собранието.

За обезбедување поголема функционалност и динамизирање на процесот за утврдување на избирачкиот список, Владата, исто така, ги задолжила Фондот за здравствено осигурување, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Агенцијата за вработување, Управата за водење на матична евиденција, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар, Управата за јавни приходи, како и министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ѝ препорача на Народната банка на Република Македонија, да потпишат договори и меморандуми за соработка со Државната изборна комисија, во насока на пренос и мигрирање на податоците од регистрите, базите на податоци со кои располагаат овие институции, во функција на ажурирање на Избирачкиот список.

Исто така, Владата донела одлука за отстапување и времено користење на вкупно 50 автомобили кои ќе бидат на располагање на Државната изборна комисија, согласно нејзините потреби.

Воедно Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи, да ги покрие финансиските трошоци на Државната изборна комисија кои се поврзани со печатењето и копирањето на документацијата за потребите на Државната изборна комисија. Владата изразува подготвеност за намирување на трошоците за спроведување на теренските активности на ДИК.

Владата ѝ препорача на Државната изборна комисија да достави писмен допис до Дирекцијата за заштита на лични податоци, во кое ќе побара појаснување во однос на тоа кои податоци на граѓаните можат да бидат јавно достапни и објавени при законската обврска на Комисијата за јавно објавување на Избирачкиот список, согласно одредбите од Изборниот законик, а Дирекцијата за заштита на лични податоци веднаш да одговори на дописот од ДИК.

Истовремено, Владата ѝ препорача на Државната изборна комисија да склучи меморандум за разбирање и соработка со Државниот завод за статистика, во кој ќе бидат уредени и опфатени сите прашања помеѓу овие две институции, за време на траењето на овој период.

На Државната изборна комисија, исто така, препорачано  и е во најкраток можен рок, до Државниот завод за статистика да ја достави на увид и мислење методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список, а го задолжи Државниот завод за статистика, во најкраток можен рок да достави мислење и одговор по истата до Државната изборна комисија. Во таа смисла, Владата го задолжи Државниот завод за статистика, во најкус можен рок, да достави список на лица – анкетари и контролори до Државната изборна комисија.

Владата и препорача на Државната изборна комисија, во соработка со Државниот завод за статистика, согласно утврдената методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, да извршат обуки на лицата – анкетари и контролори, со цел успешно имплементирање на методологијата.

Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Државната изборна комисија, во најкус можен рок, да идентификуваат групи на административни службеници кои ќе бидат избрани за членови во општинските изборни комисии и избирачки одбори.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе