ВМРО-ДПМНЕ бара уште едни предвремени парламентарни избори

„ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и национални интереси по секоја цена, а за тоа предлагаат да се одржат нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, одлучено е на Централниот комитет, кој вчера вечер одржа седница.

На состанокот се донесе заклучок со кој Извршниот Комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава.

„Не смее да се дозволи реализација и на останатите фази од процесот кои подразбираат менување на банкнотите, воведување на албанскиот како официјален јазик, кантонизација и федерализација, но и отпочнување преговори за менување на химната, грбот и знамето како вовед во промена на името и идентитетот“, се вели во партиското соопштение.

Според Централниот комитет Македонија се наоѓа во политичка состојба во која победникот во албанскиот блок партии одлучи да не коалицира со победникот во македонскиот блок испраќајќи го во опозиција, односно одлучи да ја изигра волјата на мнозинството македонски граѓани кои гласа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. „Со тоа засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека уцената со која се соочува СДСМ најскапо ќе ја чини државата.

„Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ги реализира на штета на државата“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Централниот комитет го потврди ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори, кои би се одржале заедно со локалните. „Со тоа би се редуцирале трошоците, а граѓаните би добиле шанса да се произнесат околу тиранската платформа, која беше донесена после изборите како услов за формирање на влада. Централниот комитет, исто така констатираше дека помала е штетата доколку на СДСМ му се понуди поддршка за формирање на влада и покрај тоа што ги изгубија изборите. Оваа поддршка би се реализирала само со експлицитно отфрлање на тиранската платформа и нејзините елементи од страна на СДСМ“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе