ВМРО-ДПМНЕ: Постојат два излеза од кризата, вонредни избори или Заев да се откаже од платформата

„ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“, соопштуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ одби да разговара под уцена за прифаќање на платформата изготвена и потпишана во Тирана чија крајна цел е редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултиетничка во бинационална држава, додаваат од партијата.

СДСМ е уценет само поради тоа што изгуби на изборите, не ја доби поддршката на граѓаните и не освои мнозинство гласови за да формира влада. Сега СДСМ е доведен до ѕид поради патолошката желба на Зоран Заев да биде премиер по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ прифаќа и гледа позитивно на платформата од Тирана. Затоа СДСМ се согласува на официјализирање на албанскиот јазик и воведување на двојазичност на цела територија. Затоа СДСМ се согласува на менување на банкнотите и униформите. Целата јавност деновиве беше сведок дека СДСМ ги прифатил и останатите сегменти од платформата кои подразбираат носење на резолуција за прогласување на геноцид врз Албанците, велат од партијата.

Сите овие отстапки на СДСМ се исклучително опасни по иднината на Република Македонија. Цената на уцените, на крај нема да ја плати само Заев и СДСМ, туку Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Излези од оваа состојба во која е доведена во прашање иднината на земјата има два. Првиот е одржување на брзи вонредни избори. Зоран Заев смета дека рејтингот на СДСМ пораснал со прифаќањето на платформата и заради тоа го повикуваме да поддржи нови избори и да излезе пред граѓаните за да ја побара нивната поддршка. Факт е дека граѓаните на минатите избори не гласаа за платформата од Тирана и природно и очекувано е тие да се изјаснат, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вториот излез е јавно да се откаже од платформата која досега ја поздравуваше и на која што гледаше афирмативно. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да ја отфрли платформата и да го послуша мислењето на граѓаните. Доколку СДСМ отстапи од политиката која е спротивна на државните и национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ со своите 51 пратеник ќе ги поддржи да формираат Влада, порачуваат од партијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе