Во Сирија убиен еден од водачите на Исламска држава

Меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД во Сирија убила еден од водачите на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, потврди Пентагон.

„Коалициските авиони гаѓаа и го убија Тунижанецот Бубакер ал-Хаким во Рака во Сирија на 26 ноември“, потврди портпаролот на Пентагон, Бен Сакрисон, во писмена изјава испратена до агенцијата AFP.

„Ал-Хаким беше еден од водачите на Исламската држава и долгогодишен терорист со големи врски во француските и туниските џихадистички елементи“, додава Сакрисон.

Веста за загинувањето на Ал-Хаким први на 2 декември на Twitter ја објавија припадниците на сириската опозиција.

Овој 33-годишник е осомничен за вмешаност во нападите врз туниските политички челници во 2013 година.

Роден во Париз, Ал –Хаким првин се борел за Ал Каеда во Ирак од 2003 до 2004 година, а потоа ѝ се приклучил на Исламската држава.

Осуден е на седум години затвор во Париз во 2008 година, поради учество во регрутирање на млади џихадисти од Франција во Ирак. Ослободен е на почетокот од 2011 година.

Неговата мрежа ја сочинувал и Шериф Куаши, еден од двајцата браќа кои ја нападнаа редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo на 7 јануари 2015 година во Париз, каде убија 12 луѓе.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе