Во три различни кражби украдени 18.000 евра и пиштоли

Три тешки кражби биле извршени вчера во Скопје, во Битола и во Штип, при што крадците однеле 18.000 евра, македонски и австралиски пасоши, два пиштола, златен накит, лап-топ, часовници и бижутерија.

Од 18 до 21 часот во Битола на ул. „Довлеџик“, во куќата сопственост на Д.К. (49), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил помошната влезна врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 18.000 евра, четири македонски патни исправи, четири австралиски патни исправи, четири рачни часовници, златен накит, женски чанти, мобилен телефон и лап-топ компјутер, по што го напуштил местото на настанот.

Во Штип пак, на ул.„Широк Дол“, во станот на Д.М. (47), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот се качил на гаражата, која е прилепена до зградата, насилно го отворил прозорот од кујната, влегол внатре, извршил пребарување и одзел еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9мм, телевизор и разновидна бижутерија. Од станот сторителот се упатил во подрумската просторија, во која насилно ја отворил на влезната врата, извршил пребарување и одзел разновиден алат, по што побегнал во непознат правец.

Б.Б. (55) од населба Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од 18.40 часот во саботата до 00.30 часот во неделата година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот преку незаклучената капија влегол во дворот, ги одвртел сијалиците кои биле вклучени на предниот дел од куќата и со употреба на погоден алат ја разбил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“, 33 куршуми за пиштол калибар 9мм и разновиден златен накит, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе