Водич за почетници во теретана
Без разлика дали прв пат влегувате во теретана или сте направиле подолга пауза, најважно е дека сега сте решени да го оформите телото од вашите соништа.
Вежбањето на справи и кревањето тегови можеби ви изгледа лесно кога некој друг го прави тоа, но внимавајте. Научете да ги правите вежбите правилно за да одбегнете повреди и за да имате целосен ефект од вежбањето.
Прво прочитајте ги овие Совети како без проблем да се вратите во форма, а потоа погледнете го ова инструкциско видео од фитнес тимот Buff Dudes Workouts.