Volkswagen ја претстави втората генерација на електричниот ID.3

Слушајќи ги критиките на клиентите за првата генерација, Volkswagen претстави редизајнирана верзија на електричниот автомобил ID.3.

Палетата на електрични возила на Volkswagen е доволно созреана за компанијата да ја подготви втората генерација на своите модели и се чини дека тие се подготвени да ги слушаат критиките. По успехот на моделот ID.Buzz, VW претстави нов дизајн на својот електричен автомобил ID.3 кој има за цел да ги компензира сите недостатоци на првата верзија, истовремено надградувајќи ја технологијата.

Компактниот електричен автомобил сега има зрел дизајн со поостра надворешност и поквалитетни внатрешни материјали, и што е важно, тој е пофункционален - има поголем дисплеј од 12 инчи, два држачи за чаши на централната конзола, како и под на багажникот што може да се отстрани.

VW нагласува дека новиот ID.3 ќе ја користи најновата софтверска платформа на компанијата, која ги подобрува понекогаш бавните перформанси и овозможува безжични надградби. Исто така, ќе ги одразува надградбите на функциите кои вклучуваат полесно плаќање за полнење, приспособливо одржување во лента и помош при паркирање.

VW официјално нема да го претстави редизајнираниот ID.3 до пролет, а нарачките, кои веќе можат да се направат сега, нема да стигнат до клиентите до последниот квартал од 2023 година поради „голем обем“. Сепак, клиентите сигурно ќе бидат задоволни што и покрај поскапувањата на пазарот на автомобили, новиот ID.3 ја задржува почетната цена од својот претходник од 43.995 евра за Life trim верзијата, а ќе бидат достапни и варијантите Business, Style, Max и Tour.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе