Volkswagen најави револуција: Електричен автомобил по цена на Golf

Volkswagen пред стартот на автомобилскиот саем во Париз го претстави концептот I.D. кој ќе биде основа за сериски електричен модел со достапна цена. Германската компанија со ова се подготвува за новата автомобилска ера, а првиот чекор ќе биде масовно производство на сериската верзија на овој концепт.

Концептот е замислен за на прв поглед да се разликува од конвенционалните Volkswagen автомобили со мотори со внатрешно согорување, а новиот дизајнерски јазик ќе биде присутен и кај другите електрични модели.

Прв од електричните модели ќе биде сериската верзија на овој концепт, а старот на продажбата треба да се случи во текот на 2020 година. Од VW се надеваат дека овој модел ќе направи револуција на пазарот слична на онаа што ја направија прво со моделот Буба, а потоа и со Golf во втората половина на 20-тиот век.

За да успеат во тоа, електричниот модел ќе мора да биде ценовно достапен, но и да има возни својства слични на современите фамилијарни дизел и бензински модели. Во таа насока, германската компанија најавува дека цената ќе биде колку дизелската верзија на Golf, а автомобилот би можел да помине 400 до 600 километри со едно полнење.

Електромоторот ќе испорачува околу 170 коњски сили, а компанијата не отрки други технички детали за моделот. Според димензиите, автомобилот ќе припаѓа на компактната патничка класа, со надворешност слична на Golf, но поради тоа што нема класичен мотор, ќе има пространа внатрешност на ниво на Passat.

Сите функции во внатрешноста би требало да бидат достапни преку екраните осетливи на допир, а не би тербало да има никакви копчиња. Автомобилот постојано ќе биде поврзан на интернет, а самиот ќе ги презема сите нови надградби и подобрувања.

Концептот исто така ја најавува и имплементацијата на автопилот кој треба да овозможи автономно возење во сериската верзија од 2025 година.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=i5A3OHY_n1U]

 

реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе