Volkswagen работи на проширување на својата понуда во кросовер и SUV сегментот, а по Tiguan со седум седишта и големиот Atlas, компанијата сега подготвува и компактен модел.
Станува збор за концептот T-Roc кој беше претставен пред три години, а сериската верзија официјално ќе биде откриена во август и ќе дебитира на Саемот за автмобили во Франкфурт, еден месец подоцна.
Автомобилот ќе ја користи MQB платформата, а ќе биде позициониран под моделот Tiguan и ќе се бори на пазарот со Renault Captur, Nissan Juke, Peugeot 2008 и Opel Mokka.
Германскиот гигант треба да претстави и уште еден компактен кросовер кој беше претставен со концептот T-Cross Breeze, а ќе биде базиран на Polo.