Волстрит претпазлив, скокнаа само акциите на Tesla

Индексот S&P 500 падна вчера на Волстрит, додека Nasdaq порасна, по претпазливото тргување бидејќи кварталните деловни резултати на американските компании и банки не беа импресивни.

 

Dow Jones падна за 1,14 отсто, на 33.910 поени, а S&P 500 падна за 0,20 отсто, на 3.990 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,14 отсто, на 11.095 поени.

Растот на Nasdaq во голема мера се должи на скокот на цената на акцијата на Tesla за повеќе од 7 отсто, по веста дека продажбата на производителот на електрични автомобили во Кина се зголеми во јануари.

Акциите на Morgan Stanley пораснаа за речиси 6 отсто, откако банката објави подобри од очекуваните оперативни резултати за изминатиот квартал.

Поради послабите резултати од очекуваните, цените на акциите на Goldman Sachs and Travelers Co забележаа остар пад.

Во наредните денови и недели инвеститорите ќе се фокусираат на кварталните финансиски резултати на компаниите.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 2,4 отсто во четвртиот квартал од минатата година во однос на истиот период претходната година поради високата инфлација и забавувањето на економскиот раст.

Така, последниве денови на најголемата светска берза се тргува повнимателно, откако цените на акциите нагло пораснаа во првите две недели од новата година.

Ова е благодарение на корекцијата на цените на акциите, по големиот пад минатата година, како и на смирувањето на инфлаторните притисоци во САД, што отвори простор за ФЕД да ги зголеми каматните стапки помалку агресивно.

На пазарот на пари се проценува дека челниците на ФЕД на состанокот во февруари ќе ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, а не за 0,50 поени, како што направија на последниот состанок минатата година.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,12 отсто, на 7.851 поен, но франкфуртски DAX порасна за 0,35 отсто, на 15.187 поени, а париски CAC за 0,48 отсто, на 7.077 поени.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе