Хроника

Вооружени со автоматска пушка ограбиле обложувалница

9. јануари 2017 - 12:35 | Макфакс

Обложувалницата „Златна копачка“ во Скопје, била ограбена од вооружени и маскирани лица, кои носеле пиштол и автоматска пушка.

Вчера на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, поточно во спортска обложувалница „Златна копачка“, две непознати лица маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

Коментирај