Windows 11 останува без WordPad, Cortana и други апликации

Во новата надградба за Windows 11 веќе ја нема легендарната апликација WordPad на Microsoft, чиј долгогодишен стаж конечно заврши.

Наместо новиот Windows 12, годинава корисниците ќе добијат нова надградба на актуелниот Windows 11. Оваа надградба ќе донесе голем број нови функции и подобрувања, но ќе отстрани една апликација која е дел од оперативниот систем на Microsoft уште од Windows 98.

Станува збор за апликацијата WordPad, која по долги години опслужување на корисниците повеќе нема да биде достапна. Ако се прашувате зошто Microsoft реши да ја отстрани апликацијата по 28 години, одговорот може да биде дека компанијата сака да ги насочи корисниците кон Microsoft Word и Windows Notepad.

„Препорачуваме Microsoft Word за богати текстуални документи како што се .doc и .rtf и Notepad за .txt документи“, велат од компанијата.

Претходните извештаи навестуваа отстранување на WordPad, а сега Microsoft потврди дека апликацијата заминува.

Сепак, WordPad не е единствениот што ја доживеа оваа судбина. Се верува дека новото ажурирање за Windows 11 ќе го означи крајот на некои други апликации вклучувајќи ги Cortana, Mail, Calendar, Maps, People и Movies & TV.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе