За култура во МКЦ ќе чекаме да поминат изборите

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска била исконтактирана од уметници кои користат средства од Министерстото за култура за нивните проекти во МКЦ, откако беа отпуштени 30 хонорарци, што го успори работењето на установата.

Костадиновска вели дека за случајот како министерството немаат конкретен одговор, и МКЦ не е во нивна надлежност, па тоа е нешто коешто ќе треба Државната комисија за спречување на корупцијата да го одговори.

„Тоа се хонорарци кои работат месец за месец. Иако како што слушнавме директорот им ветил дека ќе им ги продолжи договорите по изборите, сепак има одредени проекти коишто се ставени во опасност оти треба овој период да се реализираат. Ги советувавме корисниците дека најдобро е за по изборите да ги одложат овие проекти, се разбира доколку е тоа возможно“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје не им беа продолжени договорите за работа, откако Државната комисија за спречување на комисија (ДКСК) доставила писмо со препорака до Центарот. Шаќири објави дека по завршувањето на изборите, хонорарците кои се неопходни за функционирањето на Младинскиот културен центар ќе бидат повторно работно ангажирани.

Шаќири наведе дека одлуката да не им го продолжи договорот на 30 хонорарци ја донел врз основа на известување од ДКСК, која сугерира во изборниот процес да не се потпишуваат договори што ќе го оштетат буџетот во согласност со членот 8-а од Изборниот законик.

Директорот тврдеше дека не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договорите, туку се работи почитување на законите.

Во МКЦ во моментот нема ангажирано лица за предавања во Планетариумот, за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и „Апотеката“, а киното „Милениум“ работи со преполовена дејност.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе