Заев: Работиме да обезбедиме мнозинство под нормални околности

Скопје, 19 октомври 2018 (МИА) – Собранието на Република Македонија по целодневно чекање за 21 часот го закажа продолжението на седницата на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени  за спроведување на Договорот од Преспа. Собраниската седница првично беше најавена за 12 часот, па одложена за 15 часот.

На излегување од Собрание премиерот Зоран Заев за ТВ 21 рече дека се прават обиди  да се обезбеди мнозинство, но тоа да биде под нормални околности.

„Јас сум гостин. Како ќе се организира Парламентот, како ќе се закаже седницата тука сум. Се враќам во Влада да завршам работа“, рече Заев во изјава за ТВ 21.

Претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по објавувањето дека седницата ќе продолжи во 21 часот испрати соопштение до јавноста во кое посочува дека „согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку.

„До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена. Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на уставните измени“, се вели во соопштението.

реклама

Македонија

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе