Заев се сретна со Бошковски: Фер и кредибилни избори за земјата да се врати во нормален колосек

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, оствари средба со лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

На средбата, како што се вели во соопштението од СДСМ, се разговарало за соработката во рамки на широкиот демократски фронт и надминување на политичката криза преку  одржување на фер и кредибилни избори во Македонија со исполнување на сите услови.

 Претседателот Заев го изрази своето задоволство што повторно го гледа Бошковски на слобода и напомена дека политички монтираните случаи мора да престанат.

„Вистината секогаш победува. Тоа треба да му е јасно на секој. Заедно со граѓаните им ставаме крај на политички монтираните случаи, реализирани преку партизираното судство. Оваа борба за правда и правичност е искрена и таа ќе вроди со плод. Во Македонија ќе се вратат правдата, слободата и демократијата“, рече Заев.

 На оваа заедничка средба се реафирмираше Платформата за демократска Македонија, којашто беше дополнително потпишана од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

 Бошковски, во името на Обединети за Македонија даде целосна поддршка на клучните чекори што мора да се исполнат. Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да прекине прогонот на демонстрантите и да се обезбеди целосно владеење на правото.

 Заеднички беше заклучено дека фер и кредибилни избори се неопходни за земјава да се врати во нормален колосек и дека на фер избори ќе се случат демократски промени во Македонија. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе