Закажано судењето на векот: Сити оди на суд по 115 точки од обвинението

Шампионот на Англија и Европа, Манчестер Сити, го договори датумот за „судењето на векот“ во светот на фудбалот, како што го нарекоа британските медиуми.

Сити ќе се најде на суд поради прекршување на 115 правила од финансискиот фер-плеј (ФФП). Обвиненијата беа покренати во февруари, а по континуираните дискусии меѓу адвокатите на Манчестер Сити и челниците на Премиер лигата, беше договорен датумот на судењето.

Како што пренесуваат британските медиуми, судењето ќе започне на почетокот на следната сезона, односно есента 2024 година. Точниот датум на почетокот на судењето се чува во тајност, а ќе биде и зад затворени врати.

Актуелниот шампион на Европа е обвинет за прекршување на 115 правила од сезоната 2009/2010, кога започна неверојатниот напредок на клубот, кој стана најдоминантна сила во англискиот фудбал, но и во Европа.

URL

Доколку биде прогласен за виновен за наведените прекршоци, Сити ќе се соочи со одземање на бодови, а во краен случај можно е дури и да биде исфрлен од лигата или да му се одземат некои трофеи, што е помалку очекувано.

Менаџерот Жузеп Гуардиола пред неколку дена на прес-конференција изјави дека најверојатно ќе раководи со Манчестер Сити дури и ако испаднат во третото по ранг натпреварување.

Да потсетиме, пред две недели Премиер лигата жестоко го казни Евертон и му одзема 10 бода поради кршење на финансискиот фер-плеј. Навивачите на овој клуб збеснаа што Сити не беше казнет, ​​кој е многу поголем трошач на пари од Евертон.

Истовремено, од City Football Group наведуваат дека очекуваат позитивни резултати по судењето наесен следната година.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе