Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Заврши српскиот мундијалски сон, Аргентина оди во полуфиналето

10. септември 2019 - 15:32 | Ф.З.

Кошаркарите на Аргентина приредија сензација исфрлувајќи го фаворитот за освојување на првенството, репрезентацијата на Србија.

Ништо од толку најавуваниот триумф. Србија не стигна ни до полуфиналето откако потклекна пред јужноамериканскиот колос предводени од расположените Луис Скола и Факундо Кампасо кои постигнаа 20 односно 18 поени во победата од 97:87.

Богдан Богдановиќ си ја заврши својата работа, постигна 21 поен, но ни тоа не беше доволно за Србите да останат на патон кон финалето.

Сега Аргентинците ќе го чекаат подобриот од дуелот на другиот фаворит САД со Франција.

Коментирај