Хроника

Жител на светиниколско Сопот смртно настрада во пожар

8. јануари 2017 - 12:29 | Макфакс

Педесет и осумгодишен жител на севетиниколското село Сопот, смртно настрада во пожар кој избувнал во неговиот дом, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Во саботата околу 09,30 часот во село Сопот, светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија.

При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Коментирај