Живот

Зошто дроновите се подобри од возилата за прва помош?

15. јуни 2017 - 9:32 | Л.Е.

Многу животи би биле спасени доколку наместо комбе за прва помош долета дрон со дефибрилатор. Да се надеваме дека светот ќе го види овој огромен потенцијал на дроновите за доброто на сите.

Во едно истражување во Шведска се покажало дека дронот со дефибрилато рмногу побрзо стигнува до лицете кое доживеало срцев удар од комбето за прва помош.

Сите испитувања биле направени во симулирани, а не вистинити ситуации и затоа институциите не можат со сигурност да кажат како сето тоа би се одвивало во вистинскиот живот, но времето за испраќање на дефибрилатор до пациентот преку дрон е за драстично намалено во однос на стандардното возило за прва помош.

Диспечерите успеале да испратат дрон со дефибрилатор за 5 секунди додека на возилото му требало три и пол минути да се подготви да тргне. Дронот пристигнал на дестинацијата за 5 минути додека на возилото за прва помош му биле потребни 22 минути.

Коментирај