Зошто Грета Тунберг нема да учествува на климатската конференција во Египет?

Кајгана / МИА
/ 31.10.2022 / 17:15

Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека нема да учествува на Конференцијата за клима на ОН (КОП27) во Египет поради неколку причини, вклучително и прашањето за почитување на човековите права.

„Не одам на КОП27 од неколку причини. Просторот за граѓанското општество оваа година е крајно ограничен“, рече Тунберг во Лондон на затворањето на лондонскиот литературен фестивал каде се промовираше нејзината  книга „Големата книга за климата“.

Претходно на Twitter изрази солидарност со „затворениците на совеста во Египет пред КОП27“, што започнува на 6 ноември во Шарм ел Шеик.

Според неа, климатските конференции најмногу се користат како можност светските лидери да привлечат внимание за „зеленоперење“ – изнесување еколошки аргументи за да се создаде лажна слика за одговорност кон екологијата во јавноста, додека фактите се различни во реалноста.

„Конференциите такви какви што се навистина не функционираат“, вели најпознатиот светски еколошки активист.

Активистката рече дека нејзините авторски права ќе бидат донирани на фондацијата што го носи нејзиното име, како и на различни еколошки добротворни организации.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Живот

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more
 

Магазин

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе