Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Крис Хемсворт откри за Entertainment Tonight дека не успеал да го убеди Кевин Костнер да му даде улога во неговиот претстоен филм.

Ѕвездата на Marvel изјави дека Кевин Костнер режира апстрактна и интересна мала приказна за маж и жена, во која истовремено ќе ја игра главната улога.

„Има филм за кој го прочитав сценариото и ми се допадна, па решив дека сакам да бидам во него, но тогаш некој mi рече: ‘Кевин Костнер ја игра таа улога’“, се сеќава Хемсворт. „Би сакал тој да ме режира. Следниот ден поминав еден час обидувајќи се да го убедам да ми даде улога, но тој само ми рече дека ќе глуми во филмот. Не ми успеа, не ја добив улогата“.

Иако не откри за кој филм станува збор, Хемсворт изјави дека филмот има коњи и затоа се заинтересирал за целиот проект.

„Мојата сопруга го прочита сценариото, а таа сака коњи. Имаме десет или единаесет коњи дома, па ми рече: ‘Мораш да глумиш во ова’“, додаде Хемсворт.

Костнер ќе ја игра главната улога во сè уште ненасловениот филм

Според Variety, Костнер за време на едно интервју открил зошто го одбил еден од најбараните актери во Холивуд.

„Тоа е љубовна приказна, но сè додека сум доволно млад за да глумам, ќе глумам“, изјави Костнер. „Крис ќе мора да почека. Тој е толку убав и толку добар. Ќе мора да си ја најде сопствената љубовна приказна, но мило ми е што му се допаѓа оваа. Ако некогаш се чувствувам дека не можам да направам нешто, ќе му се јавам. Тој е дефинитивно еден од најбараните актери во моментов“.

Костнер наскоро ќе го гледаме во вестернот Horizon: An American Saga, серијал што треба да се состои од четири филма. Првите два филма се веќе снимени и излегуваат оваа година - едниот ќе биде премиерно прикажан во Кан следниот месец, а другиот во кината во август. Доколку филмовите бидат успешни, Костнер ќе сними уште две продолженија за да ја заврши сагата.

Актерската екипа на Horizon: An American Saga ги вклучува Сиена Милер, Сем Вортингтон, Џена Мелоун, Аби Ли, Мајкл Рукер, Дени Хјустон, Лук Вилсон, Изабел Фирман, Џеф Фахи, Вил Патон, Татанка Менс, Овен Кроу Шу, Ела Хант и Џејми Кембел Бауер.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе