Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Новиот Duster од Dacia е најновиот додаток во камата на Renault.

Renault одлучи дека Duster во иднина ќе се продава под ознаката на Renault и тоа на турскиот пазар. Со оглед на успехот што претходно го постигнаа R9 и Clio Symbol (Thalia), оваа одлука е дури и логична. Францускиот бренд добро се снаоѓа во Турција, а на тоа во прилог му оди и производството во Oyak Renault Automobile Factories во Бурса.

Тоа е дел од планот на Renault да стане лидер на пазарот во Турција. Затоа Oyak и Renault решија да инвестираат дури 400 милиони евра во фабриката, која покрај Duster ќе произведува и три SUV модели на Renault. Конкретно, Renault Duster доаѓа на пазарот во вториот квартал од оваа година.

Освен логото, нема значајни разлики меѓу моделите на Dacia и Renault. На крајот на краиштата, ова е практика која Renault ја користи долго време во Јужна Америка, каде што моделите на Dacia се комерцијализирани под ознаката на Renault. На пример, Sandero се нудеше и во R.S. издание, а го придвижуваше бензинец 2.0 со 150 КС.

Да се вратиме на Duster - тој го носи амблемот на Renault одзади, додека напред има натпис со името на брендот на хаубата. Амблемот на Renault може да се најде и на тркалата. Сè друго, вклучувајќи ги светлата, браниците и дизајнот на бандажите, останаа исти.

Се очекува моторизацијата да биде иста. Преведено, тоа се 1.6 хибрид со 140 КС, 1.2 турбо со 130 и влезниот модел ECO-g што го прави моторот 1.0 со 100 КС. Опцијата за дизел е минато.

Tурските погони ќе го произведуваат Duster и за африканскиот пазар и за Блискиот Исток, додека моделот од претходната генерација ќе продолжи да се произведува во Бразил.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе