Marvel Entertainment го објави првиот официјален трејлер за претстојното продолжение на најпопуларниот антихерој - Deadpool, насловен Deadpool & Wolverine.
Во средината на февруари, гледачите веќе имаа можност да го погледнат првиот тизер за филмот, на кој беше прикажана роденденската забава на Дедпул што е прекината од Time Variance Authority.
Во новиот филм, Вејд или Дедпул треба да најде начин да го спаси својот свет и се обраќа за помош кај Логан, кој се оддал на тага и алкохол откако самиот изгубил сè и нема желба повторно да биде Вулверин. Дедпул мора да го убеди да му помогне да спречи сè што сака да не исчезне трагично.
Третиот филм го режираше Шон Леви, режисер на популарната франшиза Night at the Museum, кој веќе соработуваше со Рајан Рејнолдс на филмови како Free Guy и The Adam Project.
Рејнолдс и Хју Џекмен ќе ги отелотворат нивните најпопуларни улоги, а во филмот се појавуваат и Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфаден.
Трејлерот за филмот воодушеви многу фанови на овој антихерој, кои едвај го дочекаа новото продолжение.
Своите реакции и ентузијазам луѓето ги споделија на социјалните мрежи.
„Мислев дека ми е здосадено од MCU, но овој филм едноставно мора да го гледам!“, „Овој филм ќе биде хит“, „Ме наежи само што го видов трејлерот“, „Едвај чекам да дојде во кино!“, „Ова ќе биде вистински спектакл“, „Конечно ќе го видиме Вулверин како од стриповите“, „Нема шанси ова да биде лош филм“, „Едвај чекам да го гледам овој филм “, се само дел од коментарите на одушевените фанови.
Deadpool & Wolverine излегува во кината на 26 јули 2024 година.