По речиси шест години, се враќа најпопуларниот антихерој на Marvel- Дедпул, кој го игра Рајан Рејнолдс.
Marvel Entertainment го објави првиот тизер за вториот дел од Deadpool, насловен Deadpool & Wolverine, кој беше прегледан повеќе од шест милиони пати во рок од пет часа.
Откако Disney го купи студиото Fox во 2019 година, кое ги имаше правата на адаптациите на X-Men и Deadpool, Deadpool официјално се приклучи на Marvel Cinematic Universe (MCU) во новиот филм, што е очигледно и од самиот тизер.
Тизерот започнува со роденденската забава на Дедпул, која е прекината од Time Variance Authority, последен пат виден во втората сезона на серијата Loki. Во тизерот накратко го гледаме и Вулверин кој го игра Хју Џекмен.
Новиот дел од Deadpool го режираше Шон Леви, режисерот на франшизата Night at the Museum кој соработуваше со Рејнолдс на филмовите Free Guy и The Adam Project. Рејнолдс и Џекмен, во филмот играат Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфаден.
Тизерот за филмот ги воодушеви обожавателите кои со години чекаат на нов дел од Deadpool.
Тие ги споделија своите реакции на социјалните мрежи.
„Навивам овој филм да го сруши актуелниот тренд на Марвел“, „Не ми се верува колку долго чекав нов филм за Дедпул. Многу сум возбуден“, „Ова е најочекуваниот филм на година за мене“, „Се надевам дека ова ќе го освежи MCU“, се само дел од коментарите на фановите.
Deadpool & Wolverine излегува во кината на 26 јули 2024 година.