Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

МАКФАКС
/ 02.05.2024 / 18:50

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“ затоа што не сакаат да примат мигранти.

Тој го рече ова за време на говорот на настанот за собирање средства за неговата изборна кампања, во средата навечер, на донаторска вечера пред публика составена претежно од Азиски Американци, пишуваат тамошните медиуми.

Бајден рече дека претстојните избори во САД се за „слобода и демократија“ и дека економијата на земјата напредува поради нив и многу други, „бидејќи САД ги пречекуваат имигрантите“.

„Зошто Јапонија има економски проблеми? Зошто Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат мигранти, а тие се она што не прави силни, бидејќи имаме прилив на работници кои сакаат да бидат тука и сакаат да придонесат“, додаде американскиот претседател.

На овие зборови на Бајден досега не реагираа ниту јапонската, ниту индиската влада.

Тагови
реклама

Свет

Израел Кац: Продолжуваме со војната против Иран без временско ограничување

Read more

Мелони ги обвини сојузниците САД и Израел за нападот врз Иран

Read more

Кремљ: Ограничувањата на интернетот во Русија ќе траат колку што е потребно

Read more

Ким Џонг Ун со ќерка му гледаа тестирање на крстосувачка ракета

Read more
 

Вести

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата

Читај повеќе

Израел Кац: Продолжуваме со војната против Иран без временско ограничување

Читај повеќе

Ќе се прави ескспертска анализа како државата одговори на трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ која усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Читај повеќе

СВР Охрид алармира: Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци

Читај повеќе

Трендафилов повика на протест на 14 март за зголемување на платите

Читај повеќе

Мелони ги обвини сојузниците САД и Израел за нападот врз Иран

Читај повеќе

Кремљ: Ограничувањата на интернетот во Русија ќе траат колку што е потребно

Читај повеќе

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Читај повеќе