Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Наместо да правите класични ќофтиња во сос од домати, ви ги предлагаме овие полнети со зеленчук и кашкавал.

Од мелено месо можете да направите најразлични јадења, а ќофтињата се едни од најдобрите. Нивната подготовка не е комплицирана и на сите им успева, а ние ви предлагаме уште денес да го пробате овој рецепт. Направете ќофтиња полнети со фил од зеленчук и кашкавал, а по желба можете да додадете уште една состојка.

Состојки:

  • 800 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • сол
  • бибер
  • блага пипер
  • лук во прав
  • масло
  • магдонос

за полнењето:

  • 1 кромид
  • 2 домата
  • ⅓ бабура
  • 140 гр кашкавал
  • 1 лажица мајонез

Подготовка:

Во сад измешајте мелено месо, исечканиот кромид, сол и бибер, па посипете со блага пипер и лук во прав. Сè убаво измешајте со раце, па покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер половина час.

Во сад измешајте го ситно исечканиот кромид со бабурата, доматите и ренданиот кашкавал. Зачинете со сол и бибер и додадете мајонез, па сè добро измешајте.

Плехот подмачкајте го со масло, па ставете округол калап. Месото ставете го внатре, а потоа притиснете ја средината со навлажнета чашка за ракија за да направите вдлабнатина. Правете го тоа додека не го потрошите месото, а потоа наполнете ја секоја вдлабнатина со филот.

Печете на 180°C околу 35 минути, а кога ќе ги извадите украсете со свеж магдонос.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе