Поранешниот возач на McLaren Фернандо Алонсо изјави дека не ја исклучува можноста да се врати во Формула 1.
Алонсо неодамна победи на трката 24 Hours of Daytona, е негова следна цел е победа на трката Indianapolis 500.
Во август, 2018 година двократниот светски шампион преку емотивна објава на Twitter соопшти дека се повлекува од Формула 1, а истовремено со тоа и McLaren официјално ја потврдија веста.
Сега Шпанецот најавува дека за сепак не се пензионира.
„Јас секогаш велам ‘Ќе се видиме’, а сега се соочувам со нов предизвик. Немам план за 2020 година, а освојувањето на третата титула првак на светот би било огромна радост. Михаел Шумахер се натпреваруваше до 43 години и ако се чувствувате силни, тогаш не гледате на својот рок на траење. Само се натпреварувате додека не сфатите дека има посилен од вас, а тоа може да се случи кога имате 25 и 48 години. Годините немаат врска со тоа“, изјави 37-годишниот Алонсо.
Тој зборуваше и за неговата историја во Формула 1.
„Кога ќе погледнам наназад се чувствувам среќен бидејќи познавам талентирани возачи кои не ги добиле заслужените прилики или кои имаат проблеми со пари. Дали можеше да биде подобро? Можеше. Лоша среќа? Понекогаш. Возев за неконкурентни тимови и правев некои грешки, една од нив е што го напуштив McLaren во 2007 година мислејќи дека Honda ќе бидат поконкурентни“, рече Шпанецот.
Алонсо има 32 победи, 22 пол-позиции и 97 подиуми до денес. Покрај неговите две светски титули, во 2005 тој стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1, а три пати завршил како вице-шампион.