Белгискиот фудбалски тренер Жорж Ликенс поднесе оставка на селекторската функција во алжирската репрезентација, откако Алжир ги заврши натпреварите на Африканскиот Куп во фазата по групи.
Алжир на Африканскиот Куп, чии домаќин е Габон, пристигна како еден од главните фаворити, а од турнирот си замина по првата фаза во која освои два бода.
Ликенс три месеци пред почетокот на Африканскиот Куп на клупата го наследи Србинот Милован Рајевац.
Овој белгиски тренер во кариерата ги предводел Андерлехт, Клуб Бриж, Транзон, Гент, Ал Хилал, како и репрезентациите на Белгија и Тунис.