Американките ја остварија најголемата победа во историјата на светските првенства

Женската фудбалска репрезентација на САД ја оствари најголемата победа во историјата на светските првенства, триумфирајќи над Тајланд со резултат од огромни 13:0.

Американската селекција постојано е меѓу фаворитите на сите светски првенства, уште откако тие почнаа да се организираат во женска конкуренција. А овојпат, актуелната генерација на американски фудбалери реши да ја покаже својата доминација и му нанесе огромен пораз на националниот тим на Тајланд.

По првото полувреме, резултатот беше „само“ 3:0 за САД, но во првите десетина минути од второто полувреме тие постигнаа уште четири гола. Потоа, во последните 16 минути од натпреварот мрежата на Тајланд се затресе уште шест пати, за да биде потврдена најголемата победа во историјата на Светските првенства.

Феноменалната Алекс Морган се запиша во листата на стрелци дури петпати, а по два гола постигнаа Роуз Лавел и Саманта Мјуис. По еден гол постигнаа Линдзи Хоран, Меган Рапино, Мелори Пју и Карли Лојд.

Претходната најголема победа на женската американска репрезентација беше забележана во 1991 година, кога победија со 7:0.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе