Audi ги „освежи“ фудбалерите на Барселона со нови модели

Како и секоја година, по Баерн Минхен и Реал Мадрид, нови автомобили од Audi добија и играчите на Барселона.

Audi секоја година ги наградува фудбалерите на Барселона со нови автомобили, а тоа се случи и оваа година.

По тренингот кој се одржа во четвртокот во тренинг-кампот „Жоан Гампер“, играчите, заедно со тренерот Ернесто Валверде отидоа на патеката Circuit de Barcelona-Catalunya. Таму беа пречекани од шпанскиот професионален возач Жорди Гене и младиот швајцарски возач Нико Мулер.

Играчите најпрво беа подучувани од Мулер како да го извлечат максимумот од нивните автомобили, а потоа и им беа доделени новите модели од Audi.

Бускетс го избра моделот R8 V10 Plus кој чини 218.000 евра. Иниеста доби SQ7 4.0 TDI кој чини 113.000 евра, а Пике го одбра RS6 Avant, чија цена изнесува 143.000 евра.

Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси исто така ќе го вози моделот RS6 Avant.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе