Барселона со одлични голови го совлада Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Барселона се на чекор од пласманот во финалето на Купот на Кралот, откако во првиот полуфинален меч го совладаа Атлетико во Мадрид со 2-1.

Барселона целосно го надигра Атлетико во првото полувреме, кога ја стекна предноста од 2-0. Првите 45 минути, веројатно беа најлошите кои ги има одиграно Атлетико во ерата на Диего Симеоне.

Резултатот го отвори Луис Суарез, кога од половина терен се стрча кон голот на Атлетико, со дриблинг се ослободи од Савиќ и Годин и го совлада Моја.

На 2-0 зголеми Меси во 33. минута со брилијантен удар од 20-ина метри.

Атлетико доминираше во почетните 20 минути од вториот дел, кога Гризман успеа да намали на 1-2 во 59-тата минута. Истиот играч имаше голема шанса три минути подоцна, но од непосредна близина биеше во Силесен.

До крајот Атлетико не реализира уште неколку серозни шанси, додека Барселона имаше можност преку Меси, но Моја го одбрани неговиот слободен удар.

Реваншот по кој ќе биде познат финалистот ќе се одигра идниот вторник во Барселона. Денеска својот прв полуфинален натпревар ќе го одиграат Алавес и Селта.

 


A--B_1--2 by mediabh
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе