Marvel и Disney го објавија првиот целосен трејлер за „Doctor Strange“ на вчерашниот Comic Con, во кој ликот на Бенедикт Камбербач го открива светот на магијата.
Главната улога во филмот ќе ја толкува Бенедикт Камбербач - брилијантниот но арогантен хирург Стивен Стрејнџ чија кариера ќе биде уништена од страшна сообрaќајна несреќа.
Неговиот живот целосно ќе се смени кога волшебник ќе го земе под закрила и ќе му го претстави мистериозниот свет на магијата - со цел да го одбрани светот од зло.
Во филмот режиран од Скот Дериксон (Sinister, The Exorcism of Emily Rose) глумат и Рејчел Мекадамс, Тилда Свинтон, Медс Микелсен и други.
Премиерата е закажана за 4 ноември.
Погледнете го трејлерот:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=h7gvFravm4A]