Брестовац: Железничар е можност за прва победа

Скопје, 15 октомври 2018 (МИА) - Тренерот на Металург, Данило Брестовац, на денешната прес-конференција пред средбата со екипата на Железничар од Ниш истакна дека овој натпревар е можност да ја забележат првата победа во СЕХА лигата.

- Имаме убава можност за добар натпревар. Противникот го респектираме, но ова е шанса да одиграме добро и да ја забележиме нашата прва победа. Да бидам искрен, малку сме заморени по двете гостувања во Лигата на шампионите, но сега нашите мисли се насочени само на средбата со Железничар. Направивме анализа на последниот натпревар и тоа ќе ни овозможи да ги исправиме грешките од претходните дуели. Имаме уште два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател, но имаме можност да одиграме добро и да забележиме победа, истакна Брестовац.

Според голманот на Металург, Никола Даниловски, во тимот има мотивираност да се постигне добар резултат на овој натпревар.

- До минатото коло и Железничар, како и ние, немаше победа, но потоа го победи Извиѓач. Сега и ние сме мотивирани за добар резултат. Уште немаме победа и мораме на оваа средба да одиме на триумф. Концентрирани сме на овој натпревар. Не го потценуваме противникот туку напротив се повеќе се мотивираме. Имаме мотив плус и поради тоа што имаме лоша серија, а од името на сите ракометари можам да ветам максимум на теренот. Сите веруваме во победа на овој натпревар, наведе Даниловски.

Натпреварот меѓу Металург и Железничар во рамките на шестото коло на СЕХА лигата се игра в среда во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе