Дали е во ред да се гушкате со колегите на работа?

Што се случи со едноставното поздравување со рака и климнување со глава, прашува Алисон Грин, авторка на колумната со совети за работното место „Прашај менаџер“ (Ask a Manager).

Се поздравувате со колега или колешка кои ги немате видено подолго време и одеднаш, без никакво предупредување, со голем ентузијазам шират раце за да се гушнете.

Гушкањето порано беше резервирано за семејството и блиските пријатели, но веќе некое време се инфилтрира и во професионалната сфера, на огромна радост на гушкачите, но оние кои не се многу по физичкиот контакт со секого, се грчат во непријатност.

Гушкањето со колегите не е станато норма во сите индустрии, но има цели области во кои е вообичаено да се поздравите и испратите со колегите и деловните соработници со гушкање, особено во работни средини што стануваат сѐ понеформални.

Тоа може да биде непријатно за луѓето кои не се гушкачи по природа, особено не со не многу блиски луѓе. Со оглед на тоа дека има различни луѓе со различни преференци во поглед на гушкањето – а нема јасни правила за тоа кога од вас се очекува да гушнете некого или не – целата ситуација може да биде многу непријатна и за двете страни.

Би било прекрасно кога во кодексот на однесување би имало правило и за (не)гушкањето, но тоа е малку поделикатна тема за дефинирање.

Ова особено е изразено во работната средина, каде колегите ви се до одреден степен блиски, ги гледате секој ден, споделувате многу работи, па може да ви биде незгодно да ги одбиете за прегратка, освен можеби кога ви честитаат роденден, добро завршен проект или унапредување.

Идеалното решение би било кога гушкачите би прифатиле дека нивната желба за гушкање во хиерархијата на почитување на личниот простор е подолу во однос на желбата на другиот да не биде гушкан.

Но, луѓето кои сакаат да се гушкаат најчесто претпоставуваат дека сите сакаат да се гушкаат и некако го занемаруваат фактот дека постојат и такви луѓе.

И што сега, прашува повторно Грин.

Една добро проверена стратегија е кога некој ќе „тргне“ за прегратка да го дочекате со испружена рака за поздрав, јасно ставајќи до знаење дека тука завршува физичкиот контакт. Ако сте загрижени дека тоа ќе делува премногу дефанзивно, на испружената рака додадете и пријатен поздрав со насмевка да ставите до знаење дека ви е мило што се гледате, но само не сакате да се гушкате.

„Белата лага“ во ваква ситуација е дека сте настинати и не би сакале да ги заразите со вирус, но тоа ќе трае многу кратко, па овој „трик“ делува само на луѓе кои не ги среќавате толку често.

Сосема е во ред и јасно да се декларирате како човек кој не сака да се гушка, дека сакате да ви се почитува личниот простор и дека вашата благонаклонетост и пријателство ги искажувате со зборови и насмевка, а не физички контакт.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе