Дебакл на Челзи, Сари не се поздрави со Гвардиола

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, не се поздрави со колегата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по поразот во натпреварот од англиската Премиер лига.

Шпанецот тргна кон Сари на поздравување како што е вообичаено по завршувањето на натпреварите, но италијанскиот стручњак не се ни сврти кон него и си замина во соблекуваните.

Челзи синоќа загуби од Манчестер Сити со 6:0 што е негов највисок пораз уште од април 1991 година. Тогаш „сините“ загубија од Нотингем форест со 7:0.

Сари не се произнесе за неговата иднина во клубот од „Стемфорд бриџ“ по највисокиот пораз во последните триесетина години.

– Мојата иднина? Прашајте го клубот за тоа, одговори Сари на прашањето од англиски новинар дали ќе поднесе оставка по високиот пораз од Сити.

Италијанецот додаде дека неговите избраници направиле многу грешки, но потенцира дека против себе имале фантастичен тим.

– Направивме многу грешки. Противникот играше фантастичен фудбал. Сакавме да извршиме притисок на почетокот на играта, но нашиот план беше целосно уништен. Тие возвратија со контра удар и не можевме да реагираме правилно, додаде Сари.

Челзи е на 6. место во Премиер лигата со 50 бодови по 26 одиграни натпревари.

реклама

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе