Демонстрантите во Бутел ја урнаа оградата околу темелникот на крстот и поставија шатори

Урната е оградата околу камен темелникот за изградбата на крст во скопската населба Бутел, поставени шатори и истакнати албански знамиња, од страна на група помлади лица на протестот против изградба на 55-метарскиот крст кои ги предводена високи функционери на ДУИ.

Пред разурнувањето на целиот ограден простор на околу камен темелникот, на собраните им се обрати градоначалникот на соседната општина Чаир, Изет Меџити, кој порача дека протестот е резултат „на верската поделба која се провоцира со поставување на крстот“, бидејќи, како што рече, „на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти, а не на сред улица“.

Иако според него се работи за граѓански револт, Меџити најави дека демонстрантите нема да се тргнат од местото, односно дека тука ќе останат „сé додека не се промени одлуката на општина Бутел“, која според него не е во интерес на сите граѓани.

„Одлуката за поставувањето на крстот е провокација за сите Албанци, без разлика дали се тие муслимани, православни или католици. Тој додаде дека доколку општината Бутел е толку загрижена за православните Албанци, можела да одвои една локација каде би се изградила албанска православна црква и на неа да се стави крстот“, рече Меџити без да појасни во што се состои провокацијата на етничко ниво.

Засега не реагираа полициските сили кои се распоредени претходно во текот на денот на најавата за граѓанскиот протест.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more
 

Вести

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе