ДУИ: Институциите да расчистат со прислушуваните материјали

Демократската унија за интеграција, ги повлече сите свои минстри од Владата поради компромитирање на процесот на спроведување на договореното во Пржино за надминување на кризата, со објавување на снимки од нелегално прислушувани разговори меѓу функционери од ДУИ, и ги повика институциите да преземат мерки за расчистување случајот.

„На вчерашната седница на претседателството на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција едногласно одлучи сите министри и заменици-министри на ДУИ во Владата на Република Македонија, да поднесат неотповиклива оставка во петок, сите овластувања за донесување натамошни одлуки како и за преиспитување на нашите политики во следните неколку дена и за да одлучува во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети“, стои во соопштението од ДУИ.

Велат дека ДУИ има „инвестирано“ и дадено значителен придонес во овој процес, „често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата“ и општеството, затоа што верувале со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите.

„Но, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран, како последица на масовното нелегално прислушувањето, како и поради нивната натамошна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни ‘Фабрики за афери’. Процесот беше компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите наши напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушкувањата и ноесењето на одговорноста за злоупотреби“, велат од ДУИ

Велат и дека со овој чекор изразуваат огорченост од продажба на аудио снимките кои имаа цел и се со тенденција да му наштетат на процесот на системски реформи.

„Од почетокот на откривањето на незаконските прислушувања од страна на македонската опозиција, ДУИ побара да се објавуваат сите автентични нелегални разговори што имаат врска со криминалот и злоупотреба на функцијата, но во невозможсност да се најдат такви материјали кои индицираат на корупција и криминал од страна на членовите на ДУИ, центрите кои се борат против ДУИ од 2002 година, произведуваат монтирани прислушувани разговори кои апсолутно се неприфатливи и претставуваат низок и нечовечки метод на политички и лични напади“, велат од партијата.

„ДУИ ги оценува овие објавувања како целосно невистинити, монтирани и затоа ги повикува граѓаните да не станат жртви на криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни ‘Фабрики на афери“ и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат полза сите граѓани“, велат од партијата на Али Ахмети.

ДУИ бара институциите, особено Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, да преземат итни мерки за да ги уапсат фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите монтираните снимки, а во исто време, за колапсот на институционална и политичка сценаа, ДУИ не презема никаква одговорност.

„ДУИ го повикува и Специјалниот обвинител веднаш да се вклучи во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, којашто има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот“, се вели во соопштението.

Но, додаваат дека за доброто на општеството, процесот на системско реформирање ќе го спроведат до крај, бидејќи само спроведувањето на реформите ја прават оваа земја оддржлива и да не стане заложник на фабрикатори и инсталирање на подземјето во политиката.

„ДУИ не е причината за кризата, но бевме и сме гласот на разумот како и промотори на решението, а сега веќе и жртва на девалвацијата и компромитираниот процес. И затоа одлучивме да ги повлечеме своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерираме дегенерирање на процесот, оттуѓување на одлуката и вољата на граѓаните, инсталација на полтронисти на подземјето, но исто така ги повикува граѓаните да не подлегнат на било каков монтиран материјал, криминал, клевета или напори направени со цел да му наштетат на реформскиот процес преку провокација на ирационална реакција од страна на Демократската унија за интеграција“, се додава во соопштението.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе