„Dumbo“ го освои бокс-офисот

Новиот „Dumbo“ не ги исполни очекувањата во премиерното прикажување во текот на изминатиот викенд, но успеа да се најде на врвот на бокс-офисот, со заработка од 45 милиони долари во Северна Америка.

Римејкот на Disney на анимираниот класик од 1941 година е малку разочарувачки за студиото со оглед на тоа што се очекуваше цифра од најмалку 50 милиони долари. Филмот во кој улогите ги толкуваат Колин Фарел и Мајкл Китон, на светско ниво заработи 116 милиони долари.

Disney ќе објави уште два римејки од анимирани класици, како „Aladdin“ со Вил Смит како Џинот од ламбата и „The Lion King“, во кој гласовите ги позајмуваат Доналд Гловер и Бијонсе.

На второто место е хоророт „Us“, со заработка од 33,6 милиони долари во вториот викенд на прикажување. Филмот беше изненадување за Холивуд, со премиерното прикажување и заработка од 71 милион долари.

На третото место е „Captain Marvel“ со заработка од 20,5 милиони долари во четвртиот викенд од прикажување.

Ова е листата на десетте најгледани филмови во текот на изминатиот викенд:

1. Dumbo – 45 милиони долари

2. Us – 33,6

3. Captain Marvel – 20,5

4. Five Feet Apart – 6,2

5. Unplanned – 6,1

6. Wonder Park – 4,5

7. How to Train Your Dragon: The Hidden World – 4,2

8. Hotel Mumbai – 3,1

9. A Madea family Funeral – 2,7

10. The Beach Bum – 1,8 милиони долари.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе