Едниот осомничен призна дека ја убил Данка, наведе уште двајца помагачи во преместувањето на телото

Осомничениот Д.Д.(50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Заечар призна дека ја задавил двегодишната Данка Илиќ.

Повеќе од два часа синоќа траеше сослушувањето на Д.Д. Тој во обвинителството откри и дека имал помагачи да го тргнат телото на Данка од депонијата.

„Тој рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото“, вели извор запознаен со случајот.

Потсетуваме, осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа беа сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го призна делото, додека другиот се бранел со молчење.

„Осомничените беа сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, соопштија од Обвинителството.

Како што јави Радио-телевизија на Србија, уапсени се таткото и братот на осомничениот Д.Д.

Тие наводно помогнале телото на девојчето да се премести од депонијата во околината на Бањско Поле на засега непозната локација на територијата на градот Бор.

Поради постоење основи на сомнение дека најверојатно сториле кривично дело на 28 март годинава помагајќи му на сторителот по извршувањето на кривичното дело, на Р.Д и Д.Д им е одреден притвор до 48 часа.

Со кривична пријава ќе бидат изведени до Вишото јавно обвинителство во Зајечар.

На осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор рано утринава им е одредена мерка притвор. Шефот на УКП Нинослав Чмолиќ вели дека полицијата продолжува со потрагата по телото, а во текот на денот ќе бидат посетени уште неколку локации.

Шефот на УКП Нинослав Чмолиќ вели дека полицијата ја продолжува потрагата по телото, осомничените се приведени, а како што истакнува, иако осомничените детално го опишуваат делото, кога станува збор за кажување каде е сокриено телото, осомничениот не сака да соработува.

„Сè уште се трага по телото на убиената Данка Илиќ, се трагаат и септичките јами, ќе одиме и на гробиштата. Два дена по трагичниот настан, еден од нив се вратил, го зел телото од депонијата и не кажува каде го сокрил телото. Детално го опишува извршувањето на кривично дело, но не сака да соработува кога ќе дојдеме до прашањата за наоѓање на телото“, вели Цмолиќ.

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе