КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Елмас: Целиот стадион го скандираше моето име, тоа го сонував од мал

Елиф Елмас со два гола синоќа ја реши Словенија, а потоа порача: „Ќе одиме во Полска на победа“. Во еден момент целиот стадион го скандираше неговото име, нешто што нашиот вундеркинд апсолутно го заслужи.

„Среќни сме што победивме една добра репрезентација како Словенија. Не се важни моите голови, важни се победите на Македонија. Сакам да му се заблагодарам и на селекторот кој многу верува во нас и ни го покажа патот како да победиме. Пресреќни сме поради овој триумф, но веќе размислуваме на Полска“, рече Елмас пред да се упати кон тимскиот автобус.

Со неговите два гола, прво на асистенција на Горан Пандев, а потоа и на Аријан Адеми, играчот на Наполи на двапати го матираше големиот Јан Облак.

„Прекрасно е чувството целиот стадион кога ќе го скандира твоето име, тоа ми беше сон од најмал. Но, тоа не е важно, важно што за првпат после долго време дојдоа толку навивачи на трибините, важно е што им вративме со победа. Се надевам дека така ќе продолжиме, сега имаме отворен пат кон Европското првенство и сѐ зависи од нас. Ќе одиме во Полска на победа“.

Елмас и останатите „рисови“ денеска заминуваат за Полска каде во недела вечер во Варшава ги чека нов тежок и важен натпревар на патот кон ЕУРО 2020.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе